Синовите на некогашниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Дарен Флечер, близнаците Џек и Тајлер, тргнаа по стапките на татко им, и потпишаа за Црвените ѓаволи, правејќи трансфер од градскиот ривал Сити.
Браќата имаат по 16 години, а сумата на трансферот е 1,25 милиони фунти. Двајцата играат во среден ред, а интересно е што годинава едниот играше за селекцијата на Шкотска, другиот за Англија.
Дарен Флечер веројатно по шкотска линија, беше еден од милениците на сер Алекс Фергусон, 12 сезони беше член на Јунајтед, а сега е технички директор во клубот.