Црвена ѕвезда го совлада Химки со 90-78 во меч на кариерата за Бориша Симаниќ, кој уфрли 18 поени, но вниманието на фоторепортерите во салата „Александар Николиќ“ во Белград им го привлекуваше и друштвото на претседателот на Ѕвезда, Небојша Човиќ. Тој седеше со Милан Гуровиќ, поранешниот член на Ѕвезда.
Веднаш се појавија шпекулации дека 44-годишниот Гуровиќ ќе го преземе тренерското место кое е испразнето, а привремено функцијата ја врши Андрија Гавриловиќ.
Гуровиќ му е поранешен соиграч од Ѕвезда на актуелниот претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, Перо Антиќ, а заедничка им е и љубовта кон белградските „црвено-бели“, нешто што не го кријат. Гуровиќ во 2012/13 беше и помошник-тренер на Ѕвезда, има искуство како главен тренер на ФМП и Вршац, но тренерската кариера му е далеку зад она што го постигна како играч.
Во вториот евролигашки меч вечерва, Панатинаикос го победи Анадолу Ефес со 86-70.