Од денеска сите заинтересирани кои сакаат да го бодрат Вардар на финалниот турнир од ракометната Лига на шампиони во Келн билетите можат да ги купат онлајн и во фан-шопот што се наоѓа во СЦ „Јане Сандански” во Скопје.
Сите блок-билети што се наменети за навивачите на Вардар се во сектор 218 во „Ланксес арената“. Цената на блок-билетите чини 18.300 денари. Во оваа цена е вклучен само билетот за натпреварите (полуфинале и финален ден).
Покрај во фаншопот, билети за Ф4 турнирот се пуштени во продажба и онлајн преку http://vardarfanshop.com/index.php?route=product/product&path=59&product…
Битката за титулата во ЛШ ќе се игра на 1 и 2 јуни во Келн. Во полуфиналето, Вардар се среќава со Барселона од 18 часот.
Информации може да се добијат и преку електронската пошта contact@rkvardar.com и на телефонот +389 70 323 952.