Блокотехна го претрпе првиот пораз во БИБЛ-лигата

Блокотехна со пораз се враќа од гостувањето во Пловдив против лидерот во БИБЛ-лигата, Академик бултекс, со конечни 82:77. За македонскиот претставник во регионалниот шампионат ова е прв пораз сезонава, а бугарскиот тим стигна да им се ревашнира на гевгеличани за поразот кој го претрпеа кон почетокот на декември.

Избраниците на Марјан Илиевски тргнаа одлично, ја освоија воведната четвртина со 22:17, но веќе во следниот период Академик постигна двојно повеќе поени, па домаќините на паузата заминаа со резултат во своја корист од 43:36. До самиот финиш, Блокотехна не успеа дојде до израмнување, па првиот пораз беше неизбежен.

Данило Мијатовиќ заврши дури со 41 поен, а му недостасуваше еден скок за дабл-дабл учинок, но ниту неговата импресивна статискита не ѝ помогна на Блокотехна. Дајшон Најт со 27 поени го предводеше Академик до петтиот овосезонски триумф во БИБЛ-лигата.

 

- Оглас -

Најнови вести