МЗТ Скопје Аеродром ќе тргне од позицијата број 1 во плејофот во македонското кошаркарско првенство, без разлика што ќе направат „штрковите“ на своето гостување ка Гостивар во мечот од 17.30 часот. Триумфот на Блокотехна над Работнички од 90-89, значеше дека екипата од „Градски парк“ веќе нема шанса да го загрози лидерот на суперлигашката табела.
Триумфот на гевгеличани на гостувањето во Куманово им до донесе некогашниот член на МЗТ, Данило Мијатовиќ, со кош во самиот финиш на дербито со Работнички. Блокотехна се зацврсти на третото место и ако остане таму, во полуфиналето на разигрувањето за титулата, ќе се сретне токму со Работнички на кого денеска не му помогнаа ниту 17-те тројки.