Една од најголемите ѕвезди на Гана и поранешен фудбалер на Барселона, Кевин Принс Боатенг, ги изненади сите со својата изјава дека Лионел Меси бил лош пример за младите фудбалери во Барселона. Тие двајца еден период играа заедно за “каталонците“, па Боатенг вели дека младите фудбалери мислеле дека сите можат да бидат како Меси.
– “Младите фудбалери на Барселона го гледаа Меси, не тренираа и се повредуваа. Никогаш не сум го видел Меси во теретана. Го масираа, а потоа играше кошарка се до 30 секунди пред да излезе на теренот. Само ќе истрча и ќе растури на теренот, па поради тоа децата погрешно работеа.“ – вели Боатенг.
Ганецот во подкастот на Рио Фердинад вели дека Меси никогаш не разговарал, не давал изјави, тоа што имал да го каже, го кажувал на теренот и затоа бил најдобар.