Боатенг веќе никаде не го трпат повеќе од шест месеци, ќе игра за истанбулски гигант

Кевин-Принс Боатенг до крајот на сезоната ќе игра како позајмен за Бешикташ. Боатенг е играч на Фиорентина, но не се наметна кај Виолетовите и тие решија да го позајмат во еден од најголемите турски клубови.

Во Турција оваа позајмица ја најавуваат како трансфер-бомба, но во пошироката европска јавност има скептицизам, особено по она што се случуваше минатата пролет, кога Боатенг од Сасуоло се пресели во Барселона и во каталонскиот тим беше „невидлив“, без никаков придонес.

Популарниот Принс е роден во Берлин, па кариерата ја почна во Херта, но за разлика од брат му Џером, кој играше за Германија, Кевин-Принс настапуваше за селекцијата на Гана. Потоа замина во Тотенхем, играше и за Борусија Дортмунд, Портсмут, Милан, Шалке, Лас Палмас, Ајнтрахт, Сасуоло, Барселона и Фиорентина.

- Оглас -

Најнови вести