Еден од култните португалски клубови, Боависта, кој е во сопственост на бизнисменот Жерар Лопеш, официјално е префрлен во аматерскиот фудбал бидејќи нема лиценца да игра ниту во втората лига, објави весникот „О Жого“. Така, овој историски тим ќе игра во петтата дивизија од новата сезона, откако по спортски пат минатата сезона испадна од елитата.
Клубот не успеал да обезбеди потребни документи од социјалните и административните служби во Португалија за да се натпреварува во второлигашкото друштво.
Боависта е шампион на Португалија од 2001 година и има освоено пет национални купови. Тимот доби забрана за трансфери во пет од последните шест преодни рокови, а во исто време му беше исклучена струјата на стадионот поради неплатени сметки.
Клубот сè уште може да поднесе жалба пред да доживее судбина слична на францускиот Бордо, кој исто така беше во сопственост на Жерар Лопеш и заврши во аматерскиот фудбал.