Бобан Грнчаров ќе биде тренер на Вардар во следните три години, останува и спортскиот директор Бајевски

Раководството на Вардар одлучи да го задржи Бобан Грнчаров како подолгорочно решение на клупата на „црвено-црните“ и потпиша тригодишен договор со човекот што беше дел од генерацијата на клубот, што прва играше во фаза по групи во Европа Лигата пред пет години.

Грнчаров досега беше Вршител на должноста тренер на Вардар, а отсега е постојан кормилар на матичниот клуб во која ја почна кариерата.

Помошници ќе му бидат познати имиња во мак-фудбалот, Златко Таневски и Един Нурединовски.

Во редовите на најтрофејниот клуб останува и спортскиот директор Александар Бајевски, исто така во наредните 3 години, па тоа ќе биде клучниот тандем за кам-бек на Вардар во Првата лига.

Црвено-црните не успеаја во сезоната што заврши да се пласираат во највисок ранг на натпревари и втора година по ред ќе играат во Втората лига.

 

- Оглас -

Најнови вести