Милан доби двајца нови играчи за следната сезона. По продавањето на Патрик Кутроне во Вулверхемптон за сума од 18 милиони евра плус бонусите, на „Сан Сиро“ пристигнаа двајца нови играчи.
Некогашните играчки легенди на Милан, Паоло Малдини и Звонимир Бобан промовираа засилувања во нападот и во одбраната. Напаѓачот Рафаел Леао пристигна од Лил за сума од 30 милиони евра. Младиот 20-годишен Португалец минатата сезона во дресот на францускиот тим даде осум гола, а имаше и две асистенции во 28 одиграни средби. Откако ги помина лекарските прегледи, Леао потпиша договор на пет години со Росонерите.
https://twitter.com/acmilan/status/1156933550010249216
Што се однесува до одбраната, пристигна Лео Дуарте од Фламенго. Бразилецот дојде за сума од 11 милиони евра и треба да игра во тандем со капитенот на Милан, Алесио Ромањоли. Дуарте има 23 години и потпиша повеќегодишен договор со Милан. Неговиот стил на игра се споредува со оној не неговиот прославен сонародник, Тијаго Силва кој исто така еден дел од кариерата го помина во Милан.
The arrival of Milan new signing Leo Duarte to Milanopic.twitter.com/KN0jzNbjlt
— Milan Eye (@MilanEye) July 31, 2019