Бобан Илиоски и Милијана Рељиќ се најдобрите македонски спортисти за 2024 година (Фото)

Кикбоксерот Бобан Илиоски и таеквондистката Милијана Рељиќ се избрани за најдобри спортисти на Македонија во 2024 година, на манифестацијата во организација на Министерството за спорт. Со своите резултати апсолутно заслужија да бидат лауреати.

Таеквондо федерација на Македонија е избрана за најдобра спортска федерација за годината што изминува.

Најуспешен тренер/селектор за 2024 година е селекторот на машкиот ракометен тим, Кирил Лазаров.

За млада спортистка на годината е избрана ракометарката Ива Младеновска, додека најдобар млад спортист е кикбоксерот Силвио Мировски.

Најуспешен женски национален тим за 2024 година е ракометната репрезентација, а и ракометарите беа избрани за најдобри во машка конкуренција.

За најдобар спортист со инвалидитет е прогласена Оливера Наковска Бикова, спортско стрелаштво.

Посебна награда доби најдобрата ракометна судиска двојка Ѓорѓи Начевски/Славе Николов.

- Оглас -

Најнови вести