Бобан Николов ќе биде новиот „шериф“ во ЛШ

Македонскиот репрезентативец Бобан Николов во новата сезона ќе го носи дресот на Шериф Тираспол. Николов, кој минатата сезона го носеше дресот на Лече во Италија, се согласи да го облече дресот на шампионот од Молдавија.

Играчот од средниот ред и официјално беше преставен во новиот клуб, кој е на чекор од историски успех, а тоа е пласман во групната фаза од Лигата на шампионите. Шериф Тираспол со 3:0 го победи Динамо Загреб во првиот меч од плејофот за пласман во елитното натпреварување на УЕФА и доколку успее да ја одбрани оваа предност во реваншот на „Максимир“, Николов со Шериф ќе биде дел од ЛШ.

 

- Оглас -

Најнови вести