Бобан Николов само по една сезона ќе го напушти Борац Бања Лука и ќе бара нова фудбалска средина. Македонскиот репрезентативец минатото лето како големо засилување пристигна во гордоста на Република Српска и како што пренесуваат босанските медиуми, сосема ги оправдал очекувањата со игрите кои ги прикажа.
Договорот на Николов веќе истече на 31 мај и во договор на двете страни нема да биде продолжен. Борац Бања Лука сезоната која измина направи историски успех во Европа откако стигна до осминафиналето од Конференциската лига, а беше блиску и до пласман во четвртфиналето.
Николов оваа сезона за Борац одигра 41 натпревар во сите конкуренции, а претходно го носеше и дресот на Кишварда, Стеауа, Шериф, Лече, Видеотон, Вардар, Виторул, Академија Хаџи и Брегалница.