Бобан Николов стартер и со сефте гол во дресот на Шериф

Македонскиот интернационалец Бобан Николов денеска го постигна својот прв гол за Шериф Тираспол во молдавското првенство. Николов беше стартер и со својот гол придонесе за ремито од 1-1 на гостувањето кај Цимбру.

Шериф, кој во средата го победи Шахтар во Лигата на шампионите, има осум бода помалку од лидерот Милсами, но и три меча помалку во молдавскиот шампионат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести