Боби Божиновски го потврди правилото – На Вардар голови најчесто му даваат ексвардарци

Македонија Ѓорче Петров го победи Вардар со 2:0 во скопското дерби на првото коло во новата сезона од македонската Прва лига, а стрелецот на првиот гол Боби Божиновски го потврди непишаното правило дека поранешните играчи на Црвено-црните им се најопасен противник.

Ова правило особено се потврдува со играчите на Македонија Ѓорче Петров, а со убавиот гол со глава во 20-тата минута од дербито само го потврди капитенот на Лавовите.

Божиновски и претходно го погоди голот на Вардар во меч од ланското првенство, кога Македонија Ѓ.П. загуби со 1:3.

На последните 10 меѓусебни натпревари на овие две екипи, Лавовите постигнаа вкупно 8 голови против Вардар, а шест од нив се на ексвардарци.

Божиновски има два гола на првенствени дуели, еден постигна Остоја Стјепановиќ, кој исто така играше за Вардар во минатото, а три погодци во двомеч од националниот куп против Црвено-црните постигна и нивниот поранешен напаѓач Христијан Кировски.

Особено значаен за Македонија Ѓ.П. беше голот на Божиновски вчера на теренот „Петар Милошевски“ во Аеродром, бидејќи со него најави изненадување, кое се претвори во победа од 2:0, прва на Лавовите против Вардар по долгата превенствена серија од 11 меча без триумф против десеткратниот македонски првак.

 

- Оглас -

Најнови вести