Бод голем како планина, Кузмановски донесе радост со звукот на сирената

Македонија освои бод против Австрија, мечот заврши 29-29 и со реален исход со оглед на случувањата на теренот.

Ова беше изедначен меч во којшто двата тима имаа периоди на добра игра и серии со кои се менуваа во водство и изедначуваа. Ниту еден тим не направи разлика поголема од три гола, а тоа беше и за очекување со оглед на сличниот квалитет.

Во вториот дел долго време се играше гол за гол и беше јасно дека судбината на средбата ќе се решава во финишот и дека ќе одлучуваат нијанси и моменти. На две минути до крајот при 27-27, Кузмановски не реализира седмерец. Во следниот напад Австријците изнудија пенал и погодија за 28-27. Митев изнедначи на почетокот на последната минута. Примивме гол на 4,5 секунди до крајот, но Кузмановски не дозволи пораз и ни донесе радост.

Македонија 10 години нема победа на светските првенства против европска селекција. Пред една деценија на шампионатот во Катар падна Австрија.

- Оглас -

Најнови вести