Сараево како гостин го совлада Црњелово со убедливи 4-1 и си обезбеди одличен резултат пред реваншот од полуфиналето на Купот на Босна и Херцеговина. Во центарот на вниманието на овој меч во Бијелина беа македонскиот напаѓач Крсте Велкоски и голманот на Слога, кој има славно кошаркарско презиме, Бодирога.
Најпрвин, во 36-тата минута Велкоски изведе пенал, но Бодирога одбрани. За среќа на капитенот на Сараево, топката повторно дојде кај него и успеа да ја затресе мрежата за предност од 3-0. Ситуацијата можете да ја погледнете тука.
Во финишот на првото полувреме, Крсте имаше прилика да зголеми на 4-0 со прекрасен гол од слободен удар, но неговиот шут сепак беше одбранет со атрактивна парада на Бодирога. Слободниот удар и од одбраната може да ги видите на овој линк.
Во другото полуфинале, Широки Бријег победи со 2-0 против Тешањ и има фина залиха пред реваншот.