Бодо/Глимт е „гол машина“, а и Спарта Прага дава многу голови дома

2601 Сириус – Малме (19.00 часот)

Натпреварите меѓу Сириус и Малме по традиција секогаш изобилуваат со голови, а гостите како првопласиран тим на табелата секако се фаворити за освојување на трите бода. Малме нема победа на последните три меча како гостин и затоа овој дуел е уште поважен за лидерот на табелата.

Предлог тип: 2 & 3+ (2.02)

 

2501 Бодо/Глимт – Оддс (19.00 часот)

Домаќинот е „машина за голови“, посебно на домашен терен, па иако Оддс не е тим кој прима премногу голови на гости, сепак, ова е малку поинакво гостување. Очекувањата се дека Бодо/Глимт ќе слави убедлив триумф.

Предлог тип: 1 & 4+ (1.92)

 

3401 Спарта Прага – Пардубице (18.00 часот)

Прво коло од новиот шампионат на Чешка. Спарта Прага заедно со Славија Прага повторно е главен фаворит за титулата. Минатата сезона дуелот меѓу Спарта Прага и Пардубице заврши 5-2, па се очекува сличен развој на настаните и овојпат.

Предлог тип: 1 & 4+ (1.99)

 

2802 Нордсјиланд – Алборг (20.00 часот)

Почеток на данскиот шампионат. Нордсјиланд е една од екипите која цели на највисок пласман и се очекува триумф на стартот на сезоната на дуелот против Алборг. Минатата сезона Нордсјиланд во меѓусебната пресметка славеше со 5-1 на домашен терен.

Предлог тип: 1 & 3+ (1.91)

 

3132 Напредак Крушевац – Партизан (21.00 часот)

Партизан со Александар Станојевиќ како нов тренер има многу поголеми амбиции за новата сезона во првенството на Србија. Се надева дека ќе успее да стави крај на доминацијата на Црвена ѕвезда, па затоа мора да се наметне уште од стартот. Предлогот е дека Партизан ќе триумфира, а на мечот во Крушевац ќе има најмалку три гола.

Предлог тип: 2 & 3+ (1.82)

- Оглас -

Најнови вести