-0.2 C
Skopje
четврток, 19 февруари 2026

Бодо/Глимт го „смрзна“ Интер со три гола, голеада во Белгија (Видео)

Бодо/Глимт на домашен терен го победи Интер со 3-1 и го уживаше во уште една европска бајка. Претходно, норвешкиот тим имаше победи и над Манчестер сити и Атлетико Мадрид, иако на почетокот немаше ниту еден триумф во првите шест кола од Лигата на шампионите.

Домашниот тим одигра храбро и дисциплинирано, не се повлече ниту по израмнувањето на Интер и во второто полувреме целосно го надигра италијанскиот гигант. Со ефикасна игра во нападот и цврста одбрана, Норвежаните стигнаа до заслужена предност пред реваншот на „Џузепе Меаца“.

Фет го доведе Бодо/Глимт во водство во 20-тата минута, а израмни Еспозито десет минути подоцна.

Сепак, Хауге и Хог во второто полувреме го скршија отпорот на Интер.

Клуб Бриж и Атлетико Мадрид одиграа 3-3 во Белгија. Атлетико имаше водство од 0-2 по првиот дел, со головите на Хулијан Алварес од пенал и на Адемола Лукман, но домаќинот се врати преку Ониедика и Тресолди.
Атлетико повторно поеде со автоголот на Ордонез, но Цолис донесе израмнување на 3-3 во 89-тата минута.

Баер Леверкузен оствари важен триумф на гости (0-2) против Олимпијакос. Двоен стрелец беше Патрик Шик во 60-тата и во 63-тата минута од мечот.

- Оглас -

Најнови вести