Бодо/Глимт го „смрзна“ Лацио, римјаните треба да се среќни што загубија само со 2:0 (Видео)

Норвешниот тим Бодо/Глимт продолжува со блескави игри во Лигата на Европа. Вечерва Бодо/Глимт на свој терен со 2:0 го победи Лацио, во првиот меч од четвртфиналето од второто по ранг натпреварување на УЕФА.

Овој меч се играше буквално во зимски услови. Само неколку часа пред да започне, стадионот во Бодо беше прекриен со снег, но домаќините со одлична организација се потрудија да има одлични услови за игра, иако температурата беше зимска, односно нула степени.

Во такви услови, домашните играчи доминираа на теренот. Норвешкиот тим имаше речиси 60 отсто посед на топката, дури 17 шута кон голот на Лацио, од кои пет во рамките на голот, а два завршија во мрежата. Од друга страна, римјаните шутнаа само шестпати, и тоа само еднаш во рамките на голот на противникот.

По првото полувреме немаше голови, но затоа во вториот дел Бодо/Глимт одигра одлично. Само 69 секунди беа потребни за норвешкиот тим да поведе со 1:0, кога  Урлик Салтнес одлично се снајде во петерецот и погоди за радост на домашните фанови. Овој погодок може да го видите ТУКА.

Истиот играч донесе дова радост за Бодо/Глимт во 69-тата минута, кога погоди за 2:0. Во оваа акција, технологијата за гол-линијата одлучи дека топката ја поминала линијата и е погодок. Овој погодок може да го видите ТУКА.

До крајот на мечот Бодо/Глимт имаше уште две стоостотни шанси, но голманот на Лацио спасуваше, така што италијанскиот калчолигаш на крајот може да е среќен што не загуби уште поубедливо.

- Оглас -

Најнови вести