Бодо/Глимт е сензацијата во Лигата на шампионите сезонава. Норвешкиот тим првпат се избори да биде дел од елитното друштво, а сега е на прагот да се пласира во осминафиналето, и тоа да го елиминира ланскиот финалист Интер.
На првиот меч во Норвешка, Бодо/Глимт победи со 3:1, а интересно е дека сега пред реваншот, тренерот на гостите малку ги „пецна“ Италијанците дека се жалеле на теренот на првиот меч. Пред Интер, Бодо/Глимт го победи и Манчестер сити дома, а потоа и Атлетико Мадрид на гости.
„Манчестер сити дури и не го спомна теренот по поразот од нас. И ние не сме навикнати да играме на Сан Сиро, но размислуваме за други работи. Она што го прават другите не ни е важно, оние што премногу размислуваат за студот и другите работи не се паметни“, беше пораката од тренерот на Бодо/Глимт, Кјетил Кнутсен.
Стратегот на гостите од Норвешка потенцира дека на „Џузепе Меаца“ неговиот тим треба да игра како резултатот од првиот меч да е 0:0.
„Не треба само да се браниме, мора да размислуваме како резултатот да е 0-0 и да не бидеме премногу блиску до нашиот гол. Целиот тим мора да помогне во одбраната, а потоа и во нападот. Во првиот натпревар тоа добро го направивме, сега треба да го повториме“, вели стратегот на Бодо/Глимт, Кнутсен.

