Боели ја подиспразни сметката, Челзи трошеше лудо и повеќе од сите клубови во Шпанија, Италија, Германија и Франција заедно

Американскиот магнат и сопственик на Челзи, Тод Боели, трошеше лудо во зимскиот преоден рок и е светски рекордер со 301 милион фунти потрошени за засилувања.

Само последната аквизиција на Сините, Енцо Фернандес од Бенфика, чинеше 106,8 милион фунти, што е нов рекорд во англискиот фудбал.

Младиот Аргентинец на драматичен начин во последните мигови од преодниот рок, вчера до полноќ, го засили Челзи и го има шестиот најскап трансфер на сите времиња и најскап во Англија.

Севкупно Челзи потроши повеќе пари од сите клубови заедно што играат во шпанската Ла Лига, во германската Бундеслига, во Лига 1 во Франција и во Серија А во Италија.

Од вкупно 815 милиони фунти што ги дадоа англиските клубови за засилувања, најголемиот потрошувач има удел од 37 отсто, или 301 милион фунти.

Во тие 301 милиони фунти, покрај рекордот на Фернандес, се истакна и трансферот на Михајло Мудрик од Шахтар вреден 88 милиони фунти, потоа на Бадијашил од Монако за 35 милиони и на Мадуеке и Густо кои дојдоа од ПСВ Ајндховен и Лион за 29, односно 26,3 милиони фунти.

 

 

- Оглас -

Најнови вести