Богат Кинез купи клуб и нареди неговиот дебел син да биде главен и да ги изведува прекините

Кинескиот бизнисмен Хе Шихуа го купи второлигашкиот клуб Цибо Куџу и се однесува како клубот да е негова играчка. Газдата, кој има 35 години, сака да покаже кој е главен, па и самиот заигра на еден меч, а сезонава во екипата не само што го вклучи неговиот син. кој има прекумерна тежина и околу 125 килограми, туку нареди и дека синот мора да игра по 90 минути и да ги изведува сите корнери, слободни удари и пенали.

Тимот по првите пет кола сезонава има дадено само два гола и има освоено еден бод, па во моментов е последен на табелата.

- Оглас -

Најнови вести