Богат Специјален сингл на Sport Life – Меси е фаворит за прв стрелец, реприза од Русија 2018 ви носи квота 7

Специјалниот сингл на Sport Life за првото полуфинале меѓу Аргетина и Хрватска вечерва од 20 часот на Мундијалот во Катар изгледа беспрекорно.

Има безброј интересни игри што може да се одиграат како сингл, но и да се комбинираат на тикет, а најмногу внимание кај обложувачите привлекува листата со стрелци.

Прв фаворит за да го отвори резултатот на мечот со прв погодок е Лионел Меси. Ако тој го даде првиот гол и ја одиграте таа варијанта ќе си ја помножите уплатата со 4 коефициент.

Меси да даде гол во кој било момент од мечот е со коефициент 2.30, а ако успее да постигне два или повеќе погодоци, квотата е 7.50.

За аргентинскиот волшебник дуелот со Хрватска буди специјални спомени бидејќи во 2006 година против нив на пријателски меч го постигна дебитантскиот гол за својата репрезентација.

Ако Хрватска ви е при срце, сигурно ќе се потсетите на фантастичниот меч на Коцкестите против Аргентина на Мундијалот во Русија пред четири години.

Тогаш беше 3:0 за Хрватска, која потоа играше и финале, но загуби со 4:2 од Франција.

Против Аргентинците стрелец на третиот гол беше Лука Модриќ и за сите што веруваат дека може да има реприза денеска во Лусаил, ќе одиграат дека моторот и капитен на Хрватите пак ќе биде стрелец, а квотата е одлична, точно 7.00.

Во Специјалот има разни игри што не се секојдневни, а можете да одиграте кој ќе тргне прв од центар, кој прв ќе направи измена, ќе добие жолт или црвен картон и пенал.

Има понуда да се обложувате на број на корнери, начин на кој ќе биде постигнат првиот гол, интервал во кој ќе падне првиот погодок и уште дузина интересни игри и комбинации.

 

- Оглас -

Најнови вести