Вечерва во кошаркарската Евролига се играат четири натпревари, а Sport Life подготви богата понуда за своите обложувачи.
Тука се стандардните игри кои ги има за кошаркарските мечеви, може да типувате на конечен тип, прво полувреме, вкупен број на поени, да ја погодите разликата со хендикеп границата, за секој тим посебно колку поени ќе даде, за секоја четвртина како ќе заврши итн. Изборот е огромен.
Освен тимските, тука се и игрите за индивидуалните учиноци. Може да погодувате колку поени ќе постигнат 34 различни играчи во понудата. На листата се и по петмина кошаркари од Барселона и Реал Мадрид кои меѓу себе го играат шпанското Ел Класико. Најмногу поени да бараат од Босанецот Џанан Муса, кој игра за Реал.
Секогаш е интересно на ова дерби, а најголеми мотиви треба да имаат Лапровитола, кој пред почетокот на минатата сезона од Реал премина во Барса, и Хезоња, кој во минатото беше во Барса, а летово дојде во Реал.
Ако добро ги познавате квалитетите на играчите, може да се обложите и на скокови или асистенции. Во понудата за овие категории има по 15-мина кошаркари.
Од скокачите, највисоко е поставена границата кај Валтер Таварес од Реал и Георгиос Папајанис од Панатинаикос, а кај асистентите најмногу додавања се очекуваат од Мајк Џејмс од Монако и Василије Мициќ од Ефес.