Богата НБА ноќ: ѕверски изданија на Јанис и Јокиќ, голема тепачка, Дончиќ ги исплаши фановите на Далас (Видео)

Јанис Адетокумбо со 54 поени и 19 скока му ја донесе 10-тата победа на Милвоки бакс на последните 11 меча во НБА-лигата.

Гркот го уништи ЛА клиперс, кој едно време водеше и со 21 поен разлика. На крајот Елените славеа со 106-105, Кавај Ленард утна шут за победа на тимот од Лос Анџелес.

Никола Јокиќ го направи 17-тиот трипл-дабл сезонава, а Денвер нагетс има 17 победи на тие мечеви. Србинот беше феноменален со 22 поени, 14 скока и 16 асистенции. Денвер има десет победи повеќе од Воините.

ЛА лејкерс победи против Индијана со 116-115, Ентони Дејвис имаше клучна блокада во последниот напад на Пејсерс, а Леброн Џејмс придонесе со 26 поени, па сега е на 63 од Карим Абдул Џабар на првото место на вечната листа на стрелци во историјата на НБА.

Лука Дончиќ со 31 поен беше најзаслужен за победата на Далас над Њу Орлеанс, а во третата четвртина Словенецот имаше незгодно паѓање, по што замина во соблекувалната и ги исплаши фановите.

Интересно беше и во Кливленд, каде што се случи тепачка помеѓу Донован Мичел и Дилон Брукс. Кавалирс го доби мечот, за Мемфис гризлис ова е седми пораз на последните осум средби.

https://twitter.com/i/status/1621333727543721984

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести