Викендов ќе биде конечната развршница во регуларниот дел од сезоната во НБА лигата и ќе бидат познати сите екипи кои ќе учествуваат во плејофот, а кои ќе играат во плеј-ин турнирот преку кој ќе добијат право да учествуваат во разигрувањето за титулата.
Првопласираните шест екипи во двете конференции ќе обезбезбедат директен пласман во плејофот, додека екипите од шестото до 10-то место ќе играат меѓу себе за последните две позиции кои водат во разигрувањето за титулата.
Вечерва ќе се одиграат дури 11 натпревари во НБА-лигата и сите имаат 161 комбинација. Може да се игра на конечен исход, на број на поени, хендикепи, полувреме-крај, број на поени во секоја четвртина, број на поени на секоја екипа посебно, двојни победи и уште еден куп интересни игри.
Бруклин нетс има одлична шанса со победа над Орландо меџик да го завери пласманот во плејофот и е голем фаворит за триумф (1,17). Мрежичките имаат скор 44-36, додека Мајами има победа помалку. Со победа, Бруклин ќе го завери шестото место во Источната конференција бидејќи има подобар меѓусебен скор во дуелите со Мајами. Вечерва работата на мрежичките ќе им биде дополнително олеснета бидејќи Орландо ќе игра без неколку клучни играчи како Паоло Банкеро, Вендел Картер, Маркис Фулц, Гери Херис, Франц и Морис Вагнер кои се повредени.
Далеку понеизвесна е борбата за пласман во плејофот и плеј-ин турнирот, бидејќи само четири екипи обезбедија пласман во завршната битка. Голден Стејт и ЛА Клиперс се најблиску до последните две места кои носат во плејфот, а воините вечерва со евентуална победа, ќе бидат блиску до остварување на првата цел.
Шампионот Голден Стејт игра против Сакраменто кој веќе е во плеј-офот и квотата за триумф на Воините изнесува 1,38.
ЛА Лејкерс кои се борат за плеј-ин турнирот, играат против Феникс санс кој веќе е во плејофот, а победата е императив и за Њу Орлеанс пеликанс во дуелот со Њујорк никс.
Според квотите победи може да се очекуваат и од Атланта хоукс против Филафелфија сиксерс, на Далас против Чикаго, на Индијана против Детроит, на Мајами против Вашингтон.