Богата понуда во Sport Life на мечеви од МЛС лигата

Филаделфија јунион – Орландо сити (01.00 часот)

Со десет победи во 20 кола, Филаделфија е лидер на Истокот, но на последните три средби има по една победа, пораз и реми. Орландо е десетти и тоа е тим кој најчесто губи или победува, а секој шести меч им е нерешен. Кога играле овие два тима во Филаделфија, никогаш не било нерешено. Кај гостите неизвесен е настапот на Мутињо, а бидејќи квотата за единица не е баш мала, предлагаме да играте на победа на „унијата“.

Предлог тип: 1 (1.65)

 

Синсинати – Хјустон дајнамо (01.30 часот)

Синсинати е најслаб тим во МЛС лигата, има само 11 бода и убедливо е последен на Истокот, не победиле од 11 мај. Од 18 кола има 13 порази. Хјустон беше во губитничка серија, но завчера го победи Њујорк ред булс со  4-0 и во позитивно расположение оди на ова гостување. Домашните тешко дека може да победат, но би можеле да извлечат бодче против тексашаните кои имаат шест порази по ред како гости.

Предлог тип: Х2 & 2-4 (2.10)

 

Монтреал импакт – Минесота (01.30 часот)

После Синсинати на кој му даде 7 гола, Минесота го преслуша и Сан Хозе, што за овој тим беше четврта победа (имаше две и во купот) во серија, па фановите на канадскиот тим треба да бидат исплашени пред соочувањето со Минесота. Но, Монтреал е трети на Истокот и ќе сака да се задржи во битка за првото. Двата тима многу ретко играат нерешено.

Предлог тип: 2-3 гола (1.98)

 

Лос Анџелес ФК – Ванкувер вајкапс (04.30 часот)

Лос Анџелес е најдобар тим на Западот, има шест бода и меч помалку од градскиот ривал Галакси, па ако слави над ослабениот Ванкувер, може да оди на плус девет во однос на најсериозниот противник за првото место. Ванкувер е десетти и четири кола не знае за победа. Проблем им е што имаат четворица канадски репрезентативци кои играат на Голд купот.

Предлог тип: 1 & 4+ (2.12)

 

Колумбус кру – Сиетл саундерс (01.30 часот)

Гостите се подобар тим, но ако победи Колумбус, може да се вмеша во трка за место во плејофот, иако моментно е претпоследен во својата конференција. Колумбус има три лигашки порази едноподруго, за победа не знае од 9 мај. Сиетл на гости не славел од 16 март, а примаше по три гола на последните две гостувања кај вечерашниот противник.

Предлог тип: Х (3.20)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести