Богати премии за Црвените ѓаволи ако сезонава ги освојат сите четири трофеи

Манчестер јунајтед минатиот викенд конечно успеа да го прекине неколкугодишниот пост и триумфира во Карабао купот (Лига куп), по што апетитите на навивачите и фудбалерите се зголемија и тие не се откажуваат од освјување дури на четири трофеи.

Црвените ѓаволи имаат сè во игра да освојат уште три трофеи сезонава и доколку успеат во тоа, ќе добијат богати премии.

Секој фудбалер на Јунајтед веќе заработи по 65.000 фунти за триумфот во Карабао купот, а „Спортсмејл“ пишува дека наградите се поголеми за останатите натпреварувања.

Доколку Манчестер јунајтед триумфира и во ФА купот, секој фудбалер ќе заработи по 85.000 фунти, а таа сума ќе ја добијат играчите доколку на крајот од сезоната го кренат и трофејот за шампионот во Лигата на Европа.

Најголем е бонусот за триумф во Премиер лигата и изнесува 250.000 за секој фудбалер. За да ја освојат шампионската титула, играчите на Манчестер јунајтед мора да надоместат негатива од 11 бода зад лидерот на табелата, Арсенал.

- Оглас -

Најнови вести