Богатиот Њукасл со петто реми – Сега против тимот кој има најлоша одбрана во Премиер лигата

Иако сите очекуваа лесна и убедлива победа, Њукасл одигра само 1:1 против Борнмоут во единствениот меч од 16 часот во Премиер лигата.

Клубот со најбогати сопственици во светскиот фудбал и енормни вложувања изминативе два преодни рокови, не успеа да го победи тимот кој што по осум кола ја има најлошата одбрана во Премиер лигата.

Гостите поведоа со голот на Филип Билинг во 62-та минута, додека израмнување за Њукасл донесе Александр Исак и тоа од пенал, пет минути подоцна.

За Њукасл ова е петто реми во Премиер лигата и досега имаат само осум бодови, што и не е баш старт на сезоната каков што се очекува.

 

- Оглас -

Најнови вести