Богатите имаат предност пред обичните луѓе, тоа никогаш нема да го поддржам

Епидемијата со Коронавирусот стигна и во Њујорк. Големото Јаболко е во проблеми со недостаток на средства за тестирање за граѓаните, по што градоначалникот Бил де Бласио реагираше со затворање на училиштата и забрана на масовни собири. Во ваков кризен период, за одредени луѓе кои се финансиски помоќни од останатите наведениот проблем како да не постои, а лош пример за тоа покажа НБА-франшизата Бруклин нетс.

Иако нема доволно средства за тестирање, управата на Нетс плати на приватна медицинска установа за да се извршат тестирања на нивните играчи, па пред неколку дена беше утврдено дека дури четворица играчи, вклучувајќи го и Кевин Дурант, се позитивни на вирусот Ковид-19. Де Бласио го искритикува клубот дека испрати погрешка порака до јавноста.

„Мило ми е што играчите и сите вработени во Бруклин главно се добро, со исклучок на некои кошаркари кои се позитивни на Коронавирусот. Сепак, ова е погрешна порака која се испраќа на јавноста. Богатите имаат предност пред обичните луѓе, а тоа никогаш нема да го поддржам“, истакна Де Бласио.

Од Нетс се оправдаа со нивниот потег со оглед на тоа дека има заразени во нивниот состав, но градоначалникот на Њујорк потполно е во право.

 

- Оглас -

Најнови вести