Богдан против Спарс играше со српски збор на грбот на дресот наместо презиме (Фото)

Бекот на Сакраменто кингс, Богдан Богдановиќ, на синоќешниот меч од НБА лигата против Сан Антонио спарс, настапи со дрес на кој на задната страна каде што обично се напишани презимињата на играчите, пишуваше Слобода. Не „Freedom“ на англиски, туку баш „Слобода“ на српски јазик.

Пред почетокот на мечот, Богдан на социјалните мрежи го покажа дресот и ја објасни одлуката со која им дава поддршка на борците за еднаквост.

„Се залагам за слобода. Се залагам за слобода на говорот, слобода на избор, слобода на живеење. Слободата ни е попотребна повеќе отколку било кога претходно“ – напиша Србинот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести