Богови на пазарот: ПСЖ направи нешто што досега беше возможно само на популарната видеоигра „Football manager“

Досега вакви големи трансфери можеа да се остварат само на популарната видеоигра „Football manager“, добро познатата симулација на фудбалските љубители во гејмерската сфера. Ова што ПСЖ го направи во изминативе неколку месеци речиси сигурно нема да се повтори во скоро време.

Во исчекување на промоцијата на Лионел Меси, Светците ќе може да се прогласат за богови на трансфер-пазарот. Не потрошија ниту евро за откуп на големите имиња, а создадоа супертим во кој веќе се ѕвездите Нејмар и Мбапе.

ПСЖ без отштета го доведе Серхио Рамос, долгогодишниот капитен на Реал Мадрид, фудбалер со повеќе од 20 титули во својата кариера.

Претходно бесплатно го ангажира Џини Вајналдум од Ливерпул, англиски и европски првак и моментален капитен на Холандија.

Врвен потег е и аквизицијата на Џанлуиџи Донарума, во кого ПСЖ доби врвен голман за наредната деценија, а тој беше избран за најдобар играч на последното ЕП кое го освои Италија.

На сите овие ангажмани, ПСЖ исплати 60 милиони евра за Ашраф Хакими од Интер, врвен десен бек кој на Светците ќе им служи исто така подолг период.

Сега вистинското прашање е кој ќе успее да го сопре овој супертим на ПСЖ, во остварување на главната мисија – титула во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести