Бохум го најде „лекот“ за Баерн Минхен и го понижи како никој досега во речиси пет децении (ФОТО)

Баерн Минхен беше „нокаутиран“ од Бохум со 4:2, во меч од 22-то коло од Бундеслигата.

Актуелниот првак и огромен фаворит на оваа средба поведе со голот на Роберт Левандовски во деветтата минута и се чинеше дека ќе има уште едно рутинско гостување, но, тоа не беше така.

Бохум преку Кристофер Антви Аџеи во 14-та минута израмни, а потоа со головите на Јурген Локадија (38′) од пенал, Кристијан Гамбоа (40′) и Герит Холтман (44′) му зададе тежок удар на Баерн.

Тимот од Минхен за прв пат прима четири голови во едно полувреме во Бундеслигата по пауза од 47 години, кога во далечната 1975 година, Ајнтрахт Франкфурт им даде пет голови за 45 минути, во вкупната победа од 6:0.

Конечниот резултат беше поставен од страна на Левандовски во 75-та минута, а Полјакот до крајот имаше уште неколку добри шанси да дојде до хет-трик, но не успеа да постигне гол.

Баерн остана на бројката од 52 бода, додека зад нив се Борусија дортмунд со 43 и Баер Леверкузен со 38 бода но, тие екипи треба да ги одиграат своите натпревари од ова коло.

БУНДЕСЛИГА

Борусија менхенгладбах – Аугзбург 3:2

Бохум – Баерн Минхен 4:2

Ајнтрахт Франкфурт – Волфсбург 0:2

Фрајбург – Мајнц 1:1

Гројтер Фир – Херта 2:1

- Оглас -

Најнови вести