Бохум им фати сеир на гигантите: Не е лошо, имаме само два покери, ама се највредни (Фото)

Бохум одигра одлична сезона во Бундеслигата, прва по пауза од 11 години и си обезбеди прволигишки статус и за идниот циклус, а приреди две големи сензации.

Клубот од Северна Рајна-Вестфалија успеа само двапати да постигне по четири гола, а подвигот го приредија против гигантите Баерн и Борусија Дортмунд.

Во 22. коло го растурија шампионот Баерн со 4:2, а му ја наполнија мрежата со покер голови уште во првото полувреме.

Викендов во меч од 32. коло во Бундеслигата пак дадоа четири гола и тоа на култниот „Вестфален“ во Дортмунд, каде ја победија второпласираната Борусија со 4:3, во еденод најубавите мечеви сезоната, проткаен со многу пресврти.

„Само двапати постигнавме по четири гола во Бундеслигата. Но, не е лошо, да не се жалиме, ги победивме Баерн и Борусија Дортмунд со покери“, објавија од Бохум на официјалнииот Твитер налиг на клубот.

Моментно се 11-ти на табелата во Бундеслигата со 39 бода и обезбеден опстанок, па последните два меча против Арминија Билефелд на свој терен и со Унион Берлин на гости ќе ги играат за престиж и за подобрување на пласманот.

 

 

- Оглас -

Најнови вести