25.8 C
Skopje
четврток, 4 септември 2025

Бојан Димоски ќе направи трансфер во Партизан

Македонскиот репрезентативец Бојан Димоски од Русија доаѓа во Србија, и тоа во еден од двата гиганти кај нашиот северен сосед. Тој треба да го облече дресот на Партизан.

Идејата е Бојан Димоски, кој е член на рускиот Акрон, да дојде на позајмица во Партизан, но со опција за откуп на договорот за 200.000 евра.

Младиот лев бек пристигна во Русија во јули 2023 година од Брера Струмица. Тој ја започна својата кариера во Тетекс, а играше и за Вардар. Димоски ги има поминато сите младински селекции на Македонија, а за А репрезентацијата настапи на 18 натпревари.

- Оглас -

Најнови вести