Бојан Маркоски е новиот тренер на Работнички

Фудбалскиот клуб Работнички го доби својот нов предводник – Бојан Маркоски е именуван за шеф на стручниот штаб и ќе ја води екипата во новата сезона. Досегашниот асистент на Горан Станиќ доби целосна доверба од раководството на Романтичарите, откако Станиќ ја прифати функцијата селектор на младата репрезентација на Македонија до 21 година.

Маркоски, кој веќе добро ја познава екипата, добива задача да ја продолжи стратегијата на клубот за развој на млади и перспективни фудбалери. Главната цел ќе биде пласман на тимот во горниот дел од табелата и обезбедување пласман во европските натпреварувања.

Интересно е што своето деби како прв тренер, Маркоски ќе го има токму на меѓународната сцена – во квалификациите за Конференциската лига.

Утрешниот ден ќе биде и неговиот прв работен ден во новата улога, кога треба да ја одржи првата прозивка на играчите и официјално да ги започне подготовките за новата сезона.

Работнички влегува во нов циклус со јасна визија и амбиции, а Бојан Маркоски добива можност да го покаже својот тренерски потенцијал на големата сцена.

- Оглас -

Најнови вести