БОЈКОТ ВО НБА! Милвоки и Орландо не играа, одложени и останатите два меча за вечерва

Милвоки и Орландо вечерва веќе требаше да го играат петтиот меч од првата рунда во плејофот. Сепак, дуелот не се игра поради бојкот на кошаркарите на Милвоки. Тие беа првите кои решија да стапат во бојкот поради полициското насилство во САД над црномурните жители.

Пред неколку дена, во сојузната држава Висконсин беше застрелан црномурниот Џејкоб Блејк. Тој беше застрелан пред своите три деца додека се обидуваше да влезе во колата поради непочитување на полициска наредба. Полицаецот кој беше до Блејк, го извади пиштолот и во грбот на ненаоружениот човек испука седум куршуми. Блејк е во болница и се бори за својот живот.

Поради овој инцидент, во НБА се најави дека може да има бојкот, а кошаркарите на Милвоки го презедоа првиот чекор. Пред дуелот со Орландо, сите кошаркари на Милвоки останаа во соблекувалната и не се појавија на теренот. Потоа и играчите на Орландо се придружија во бојкотот, а тоа го сторија и останатите четири екипи кои требаше да играат вечерва. Одложени се дуелите Хјустон – Оклахома и Лос Анџелес лејкерс – Портланд.

- Оглас -

Најнови вести