Серо Портено – Ривер плејт (00:15ч – Копа Либертадорес, четврт-финале, реванш)
Актуелниот првак има сигурни 2-0 по првиот меч кои ноќеска ќе треба да ги одбрани за да го продолжи учеството во елитното натпреварување. Аргентинскиот гигант доколку ја оправда фавортската улога, ќе закаже полуфинален двомеч против лутиот градски ривал Бока јуниорс, а сите со нетрпение ја чекаат репризата од минатосезонската битка за трофејот на Јужна Америка.
Ривер до изминатиов викенд беше непоразен во 10 последователни меча, но разочарувањето против Кордоба треба да се искористи како мотив за да се оствари посакуваниот успех против Серо.
Предлог тип: X2 & 0-2 (2.05)
Флуминенсе – Коринтијанс (02:30ч – Копа Судамерикана, четврт-финале, реванш)
Ремито без голови кое се одигра пред шест дена во Сао Паоло најавува уште една тврда битка меѓу бразилските ривали. Во пресрет на средбата во Рио, притисокот е на страната на Коринтијанс, поради што ќе мора да се бори и против гласната публика на „Маракана“, која ќе биде 12-ти играч на Флуминенсе.
Овие две екипи за првпат се среќаваат на меѓународната сцена во второто по квалитет клупско натпреварување на Јужна Америка, но знаејќи дека се стари ривали во шампионатот на Бразил, треба да приредат возбудлив меч. Последната нивна пресметка во Рио заврши во корист на Флуминенсе со 1-0, додека Коринтијанс како гостин памети еден триумф во последните 10 меѓусебни дуели.
Предлог тип: 1X & 2-4 (2.18)
Танаси Кокинакис – Рафаел Надал (02:30ч – ОП на САД, второ коло)
Како втор носител на последниот овосезонски гренд слем, Рафаел Надал треба брзо да го реши австралискиот тенисер против кого прв и последен пат се сретна во Мелбурн во 2014 година и го совлада со 3-0. Во победата против Милман, Надал не загуби повеќе од три гема, а сличен исход се очекува и во дуелот против 203-то рангираниот Кокинакис, кој пак има три порази во последните 10 мечеви кои ги одиграл на тврда подлога.
Предлог тип: <28.5 гемови (1.88)
Седрик Марсел Стебе – Марин Чилиќ (02:30ч – ОП на САД, второ коло)
Хрватскиот тенисер цели на висок пласман на американското Отворено првенство, па затоа ноќеска без проблеми треба да се пласира во третото коло. Против Стебе, Чилиќ последен пат се сретна на Вимблдон во 2012 година, кога Хрватот славеше со 3-1 во сетови.
Раната елиминација во Синсинати му овозможи на Чилиќ доволно време да се подготви за ова големо натпреварување, затоа од него се очекува настап како и во победата против Клизан од 3-0 во сетови во првото коло.
Предлог тип: 2 & <32.5 (2.10)