Бока го најми како стјуард, тој си славеше со играчите на Ривер, па доби отказ (Видео)

Бока јуниорс веднаш му врачи отказ на член на обезбедувањето, кој заедно со играчите на Ривер плејт го славеше пласманот во финалето на Копа Либертадорес.

Незамислива ситуација се случи на легендарната „Бонбонера“, а сол на рана во таборот на Бока јуниорс по елиминацијата од вечниот ривал Ривер плејт беа фотографиите на кои се забележува како член на обезбедувањето ангажиран од домашниот тим слави со гостинските фудбалери.

Бока го доби реваншот со 1:0, но Ривер ќе игра финале поради победата од 2:0 на својот стадион „Монументал“.

Ривалството помеѓу двата клуба е огромно, едно од најголемите во светскиот фудбал, па за нив е незамисливо член на обезбедување на еден од клубовите да навива или да слави со фудбалерите на ривалот.

Моментот што дополнително ги крена тензиите, особено во таборот на Бока јуниорс погледнете го ОВДЕ.

- Оглас -

Најнови вести