-6.2 C
Skopje
вторник, 30 декември 2025

Бока јуниорс е првиот победник на Марадона купот

Екипата на Бока јуниорс е првиот освојувач на трофејот од Марадона купот.

Аргентинскиот великан на мечот во Ријад, Саудиска Арабија, ја победи Барселона на пенали откако мечот во регуларните 90 минути заврши 1:1

Барса поведе со голот на Феран Јутгла во 50-тата минута, но израмнување донесе Езекиел Зебаљос во 77-мата минута.

Дани Алвес доби шанса од првата минута, а беше и еден од успешните реализатори на пеналите.

Но, младите Переира и Жеими не беа прецизни како своите соиграчи и не успеаја да му го донесат првиот трофеј на Чави.

- Оглас -

Најнови вести