Колумбискиот репрезентативец Роџер Мартинес постигна екстра-гол за Клуб Америка против Пуебла во победата на гости од 2:1 и покажа дека е фудбалски мајстор, кој можеше да има и многу подобра кариера да останеше во Бока јуниорс како тинејџер.
Со прекрасна соло-акција Мартинес ја надмудри одбраната на Пуебла и потоа од тешка позиција постигна фантастичен погодок.
https://twitter.com/FotMob/status/1576096515889602560?s=20&t=SkldmFjmsI0wiMTzj6ifIw
Фудбалската приказна на Мартинес е многу интересна и тој можеше да има многу подобра кариера, ако не го напуштеше аргентинскиот гигант Бока јуниорс како 17-годишно момче од банална причина.
Роџер беше поканет од раководството на Бока да дојде на проба во 2011 година и по неколку месеци тренинзи Аргентинците беа задоволни и сакаа да го задржат, но не можеа да организираат престој за неговите родители.
Мартинес се врати во Колумбија, а потоа пак се врати во Аргентина по шест месеци, но во Аргентина јуниорс.
Потоа играше и во Кина за Џиангсу сунинг и во Европа за Вилјареал, а сега е член на најтрофејниот клуб во Мексико и игра за Клуб Америка.