Бока јуниорс ќе добие нов спектакуларен стадион кој ќе биде најголем во Јужна Америка, но само под еден услов (Фото)

Кандидатот за претседател на Бока јуниорс, Хорхе Реале, најави дека ќе изгради нов стадион кој ќе биде спектакуларен ако биде избран за прв човек на најтрофејниот аргентински тим.

Реале денеска го претстави проектот со кој треба да се изгради нов стадион и веќе побарал дозвола за градба од градските власти на Буенос Аирес.

„Новата Бомбоњера“ би била изградена само на 1,3 километри од сегашниот култен стадион „Бомбоњера“ и треба да има капацитет дури од 112.000 седишта, со што би бил најголем стадион во Јужна Америка и втор најголем на светот, веднаш зад „Рунградо“ во Пјонг Јанг, Северна Кореја, кој има капацитет од 114.000 седишта.

https://twitter.com/mcfcman66/status/1655655628742729736?s=20

Засега не е познато колку ќе чини изградбата на новиот стадион, но според предложениот план, „Новата Бомбоњера“ ќе биде изградена на вода и со три моста ќе биде речиси директно поврзана со култниот стадион.

Актуелниот стадион на Бока јуниорс, кој има капацитет од 54.000 седишта, не може да се прошири бидејќи ќе мора да се рушат цели станбени блокови.

Изградбата на новиот стадион ќе зависи од тоа дали Реале ќе биде избран за нов претседател на Бока јуниорс, а негов противкандидат е легендата на клубот и на аргентинскиот фудбал, Хуан Роман Рикелме.
Според аргентинските медиуми, Реале е фаворит да победи на изборите.

- Оглас -

Најнови вести