Бока јуниорс ќе игра против Флуминенсе во финалето на Копа Либертадорес и ќе се бори за седмата титула. Аргентинскиот гигант во полуфиналето го елиминира Палмеирас, и тоа по подобро изведување на пенали.
Во нокаут-фазата, Бока не победи никого за 90 или 120 минути игра и во осминафиналето и во четвртфиналето и во полуфиналето помина на пенали.
За Бока ова ќе биде рекордно 12-то финале во јужноамериканската Лига на шампиони, а тоа што против бразилскиот Флуминенсе ќе игра финале на неговата „Маракана“ во Рио де Жанеиро и не е преголем хендикеп. Бока дури 12 пати има елиминирано и победено бразилски клубови на нивен терен во Копа Либертадорес.
Единсон Кавани го даде голот за Бока во регуларниот дел, а во пенал-серијата уругвајскиот ветеран шутираше прв и не погоди. Но, за Кавани да не биде трагичар, се погрижи голманот Серхио Ромеро, кој ги одбрани шутевите во првата и втората серија. Играчите на Бока ги реализираа пеналите од втората до петтата серија и на крајот се радуваа среде Сао Пауло.
Ова се одбранетите пенали на Ромеро:
https://twitter.com/i/status/1710136689367175356