Бока јуниорс нема да му дозволи на Естудијантес да им даде гол

Атланта фалконс – Филаделфија иглс (Американски фудбал НФЛ лига, 02.20 часот)

Соколите после фијаското во Минеаполис во првото коло од новата сезона, имаат поправен испит против Орлите на свој терен во Атланта. Двата тима имаат ефикасни напади, но предноста на Филаделфија е дефанзивниот ред. Серак, Иглс има проблем бидејќи остана без засилиувањето Малик Џексон, за кого сезоната е завршена поради тешка повреда. Атланта дома ги доби претходните три дуели со Иглс.

Предлог тип: <52.50 (1.90)

 

Бока јуниорс – Естудијантес (Фудбал аргентинска примера, 01.00 часот)

Бока во првите пет кола од аргентинската суперлига, нема примено гол, а ако се знае дека Естудијантес и не е некој многу ефикасен тим, шансите на фаворитот повторно да победи без примен гол се реални. Овие два тима во лигашки меч последен пат се сретнаа пред четири години. Естудијантес не даде гол на три од последните четири гостувања на „Ла Бомбониера“.

Предлог тип: 1 Сигурна (2.55)

 

Сао Пауло – ЦСА (Фудбал бразилска Серија А, 00.00 часот)

Домашните се големи фаворити, и овој меч им е шанса на Дани Алвеш и другарите да го прекинат постот од три средби по ред без победа. ЦСА е тим од зоната за испаѓање на табелата, но има две победи во последните четири меча. И Сао Пауло и ЦСА се тимови кои играат неефикасни мечеви, ЦСА има само 7 постигнати голови во 18 меча сезонава, но ние предлагаме да ризикувате и да типувате дека ќе паднат барем три гола, бидејќи квотата е доста примамлива.

Предлог тип: 3+ (2.25)

 

Њујорк метс – Лос Анџелес доџерс (Бејзбол МЛБ лига, 01.05 часот)

Лидерот на западната конференција има гостување кај тим кој квалитативно е послаб, но ќе има зголемена самодоверба после синоќешната победа. Вчера Метс ги победи Доџерс со 3-0, со што прекина црна низа од девет порази по ред во дуелите со екипата од Лос Анџелес. Доџерс завчера славеше со 9-2 и ќе биде мотивиран да се извади за поразот од пред 24 часа.

Предлог тип: 2 (1.70)

 

Мертенс – Севастова (Тенис, турнир во Осака, 04.00 часот)

Квотите и за кец и за двојка се изедначени по 1.80, што укажува на тоа дека Белгијката и Летонката се тука некаде според квалитетот. Севастова е шест места погоре на ВТА листата, но не може да се каже дека е фаворитка. На последните две меѓусебни пресметки помеѓу овие две тенисерки победуваше Севастова во три сета, но тоа беа мечеви на земја и трева, сега првпат ќе си ги одмерат силите на тврда подлога, и повторно би требало двете да освојат по еден сет.

Предлог тип: СС (2.20)

- Оглас -

Најнови вести