Бока јуниорс против Дефенса ќе ги лечи раните

Дефенса и Хустисија – Бока јуниорс (Фудбал, Аргентина, 01.00 часот)

Бока е лидер во аргентинското првенство, а Дефенса е 17-та од 24 тима. По осум кола, Бока нема пораз, и има примено само еден гол. Од друга страна, Дефенса е многу неефикасна, даде само пет гола. На свој терен, овој тим нема дадено гол на последните шест натпревари. Сепак, мотивот да се игра против Бока е голем, и не е сигурно дека Дефенса не може да даде гол. Бока е разнишана по поразот од Ривер, но би можела да победи тесно.

Предлог тип: 2 & 0-3 (2.35)

 

Детроит ред вингс – Далас старс (Хокеј, НХЛ лига, 01.00 часот)

Детроит синоќа сезоната ја почна со победа кај Нешвил, па имаше патување до дома, каде треба да го пречека Далас. Старс одигра два меча и двата ги загуби, а Далас има и проблеми со повредени играчи. Овие тимови се менуваат во победите, први победуваат едните, па другите, сега редот му е на Далас, а триумфите најчесто се со два или повеќе гола разлика, ретко кога било неизвесно. Ред Вингс понесен од синоќешната победа, ќе сака да се покаже и пред својата публика.

Предлог тип: 1Х (1.73)

 

Њујорк ајлендерс – Винипег џетс (Хокеј, НХЛ, 01.00 часот)

Островјаните тргнаа со пораз, а канадскиот тим има пораз и победа во продолжение. И тука тимовите се менуваат со победите во меѓусебните пресметки, а редот да победи му дојде на Њујорк. Винипег игра поефикасно, Ајлендерс има подобра одбрана и ова е дуел на два различни тима кои ќе се борат за наметнување на својот стил.

Предлог тип: <5.50 (2.05)

 

Канзас сити чифс – Индијанаполис колтс (Американски фудбал, НФЛ, 02.20 часот)

Екипата од Канзас сити е беспрекорна засега, има четири победи во четири настапи, биланс каков што има само уште Њу Ингланд патриотс. Индијанаполис има по две победи и порази. Во јануари годинава кога беше последното гостување на Колтс во Канзас сити, Шефовите победија со 31-13. Домашните се големи фаворити на хартија, и квотата за чиста единица е скромна, а наш предлог за типување е дека Индијанаполис нема да загуби со 14 или повеќе поени разлика.

Предлог тип: Х 2 -13.50 (1.60)

 

Вашингтон нешенелс – ЛА Доџерс (Бејзбол, МЛБ плејоф, 01.45 часот)

Ова е трети натпревар во серијата во која резултатот по два натпревари е 1-1. Лос Анџелес го доби првиот меч дома, па загуби, сега се игра во главниот град на САД. На првите два меча имаше по шест поени. Националните дома имаат низа од 10 победи по ред. Тие го добија и последниот меѓусебен дуел со Доџерс во Вашингтон, и така запреа црна низа во пресметките со овој ривал.

Предлог тип: <8.50 (1.85)

- Оглас -

Најнови вести