Претседателот на Бока јуниорс, Даниел Анхелиси, рече дека неговиот клуб е заинтересиран за напаѓачот Мауро Икарди.
„Сакавме да знаеме каква е ситуацијата со Икарди и го прашавме потпретседателот на Интер, Хавиер Занети. Ништо не нè чини ако си прашаме“, рече Анхелиси.
Интер сака да го продаде контроверзниот Икарди за да купи друг напаѓач. Јувентус и Наполи се најзаинтересирани за него, а сега и Бока е во редот. Најголем проблем за реализација на овој сензационален трансфер е сопругата на Икарди, Ванда, која е и негов менаџер.
Ванда е навикната на животот во Италија и нема шанси да се согласи да се врати во нејзината родна земја, каде што би живеела посиромашно. Од друга страна, Икарди во Бока би имал статус на голема ѕвезда, како што има и Даниеле де Роси, кој неодамна потпиша за славниот клуб од Буенос Аирес.