Бока лесно ќе победи, ќе има голови во бразилското дерби

Бока јуниорс – ЛДУ Кито (00:15 ч.)

Аргентинскиот гигант ја покажа целата своја сила против овој ривал, и тоа на теренот во Кито, кога по првите 90 минути славеше со 3:0. Бока сега на свој терен само рутински треба да одработи и да го осигури пласманот во полуфиналето на Либертадорес купот.

Неверојатно добра е одбраната на Бока. Во последните осум меча во сите натпреварувања, Бока прими само еден гол. Нема дилеми и се очекува рутинска заверка на Аргентинците во следната фаза.

Предлог тип: 1&2-3 (2.70)

 

Интернасионал – Фламенго (2:30 ч.)

Ќе биде неизвесно на стадионот во Порто Алегре. Фламенго доаѓа со одлична позитива од 2:0, што значи дека единствен избор на домаќините е да нападнат. Интернасионал е одличен на свој терен, па во првенството има шест победи и две ремија без пораз.

Сепак, притисокот дека треба да се постигнат барем два гола, без да примат ниту еден, може да го искористат гостите, кои моментно се лидери во бразилското првенство, што потврдува дека не случајна е победата од првиот меч во Либертадорес купот.

Традицијата вели дека на последните 13 меѓусебни средби немало реми, што значи дека се игра без калкулации, а головите се загарантирани.

Предлог тип: 1-3 I& 1-3 II (2.12)

 

Арсенал Саранди – ЦА Естудијантес (00:10 ч.)

Дуел од 16-финалето на Купот во Аргентина. Домаќините се големи фаворити бидејќи покрај предноста на свој терен, против себе имаат второлигаш. Арсенал имаше низа од девет победи по ред, сè до последниот меч, кога загуби од фаворитот Сан Лоренцо.

Ривал од втората лига е како порачан за повторно да се врати победничката низа.

Предлог тип: 1-1 (2.75)

 

Сао Бенто – Америка МГ (00:15 ч.)

Меч на две екипи кои се во долниот дел од табелата во втората бразилска лига. Победа на домаќините ќе значи и скок над ривалот. Сао Бенто ја има најслабата одбрана во лигата, но и еден од подобрите напади.

Америка МГ влезе во одличен ритам, па во последните шест меча има четири победи и две ремија, без пораз.

Предлог тип: 1Х-Х2 (2.00)

 

- Оглас -

Најнови вести