Бока се моли да не се игра утре

Одложениот меч помеѓу Бока јуниорс и Ривер плата од финалето на Копа Либертадорес, донесе многу проблеми за тимовите кои до последен момент веруваа дека ќе играат вечерва во закажаниот термин, но теренот беше поплавен и се донесе одлука за поместување за утре.

Утре е 11 ноември, датум на кој овие два ривали играле трипати и никогаш не победила Бока. Еднаш завршило нерешено, а две победи има Ривер. Затоа, ако се плашат од традицијата, во Бока може да имаат проблем доколку се игра утре. Од друга страна, подолгорочно одложување ќе значи и враќање на двајца важни повредени играчи на Ривер, и Бока нема да има предност.

Откако се одложи мечот, играчите на Бока се вратија во хотел, а иако „истураше“, фудбалерите на Ривер тренираа на својот „Монументал“ каде ќе се игра реваншот во битката за клупски првак на Јужна Америка.

Временската прогноза за утре не е поволна, а се размислува за утре да се одложат мечевите од аргентинската лига.

 

- Оглас -

Најнови вести