Британецот Фрејзер Кларк беше нокаутиран од сонародникот Фабио Вордли во првата рунда на нивниот бокс меч од тешка категорија во Ријад, а само што го виде несреќниот Фрејзер, судијата означи крај на борбата.
Веднаш беше јасно дека Кларк е посериозно повреден. Имаше буквално дупка во главата, во пределот на слепоочницата и искривена вилица. Бил испратен во болница со сомневање дека има скршена јаболчна коска или горна вилица.
Кларк имал мала операција за санација на повредата и се очекува неговото закрепнувањето да трае меѓу шест и осум недели. Максилофацијален хирург изјави дека вакви повреди се многу болни и ретко се добиваат на бокс меч каде натпреварувачите носат ракавици, бидејќи е потребна огромна сила или удар со нешто тврдо како тула за да дојде до ова.
https://twitter.com/i/status/1845203707807531367